Имавме 180 илјади според наша оценка кога бевме опозиција. Дојдов Премиер после еден процес кога се празнеше администрацијата, односно ќе има избори, ќе нема избори, дава мандат Иванов- не дава мандат. Се празнеше администрацијата, а не се пополнуваше, забрането беше по закон. Ја затекнав 165 илјади кога дојдов премиер. Од анализите што ми ги дадоа самите служби. Денеска е 148-149 илјади таа јавна администрација. Точно има и СДСМ кога доби чест да ја води владата пополнето одредени упразнети места, ама требаат во некои институции„- рече Заев во вчерашното интервју.
Овие податоци се целосно неточни ако се земе предвид дека и министерот за информатичко општетсво и администрација пред само некој ден тврдеше дека во јавниот сектор се вработени 132.068 лица. Имено во годишниот извештај за податоци од регистарот на вработени во јавниот сектор во 2018 година стои дека оваа бројка е дури и зголемена за три илјади во споредба со претходната година, односно 2017 година. Во 2017 година согласно годишниот извештај оваа бројка изнесувала 128.722 лица. Во годишниот извештај за 2016 година оваа бројка изнесувала 129.653 лица.
Од овие извештаи се гледа дека нема никаде ниту 180 илјади, ниту 165 илјади вработени во јавниот сектор, бројки кои ги кажува Заев. Најдобар демант за неговите невистинити јавни настапи впрочем доаѓа од институциите и од самиот негов соработник Дамјан Манчевски кој важи за близок соработник на Радмила Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.