Во Кавадарци се одржа фестивал на младо вино. Манифестацијата беше на отворено во кругот на винаријата „Тиквеш“.

Фестивалот се одржува по 12. пат, по паузата минатата година поради ограничувањата предизвикани од пандемијата. На настанот се дегустираа вината од последната берба за да се оцени нивниот квалитет и потенцијал, со што се создава значајна винска традиција и се зајакнува винската култура во земјата.

Претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски, изјави дека на овој фестивал се прославува во чест на виното и се согледуваат резултатите од последната гроздоберска сезона. Тој нагласи дека виното е наш амбасадор во повеќе од 35 земји на сите континенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.