Во недела дена, тројца економски експерти од Македонија започнаа работен ангажман во странство, алармира  еконосмкиот експерт Зоран Јовановски на „Фејсбук“.

Ги ставам на страна и ги занемарувам нивните политички определби и се задржувам на нивната теоретска економска изграденост. Драган Тевдовски, како професор по статистика, не како министер за финансии, Бранимир Јовановиќ како економски истражувач, не како советник на министерот за финансии и Рилинд Кабаши како економски истражувач, не како советник на министерот за финансии. Сите тројца со докторати и објавени економски истражувачки трудови во меѓународни академски списанија, потенцира Јовановски.

Потсети дека Тевдовски замина во ММФ во Вашингтон, Јовановиќ во врвен економски институт во Виена, Кабаши како предавач во тренинг центарот на ММФ во Виена.

Јас не се согласувам со многу од нивните ставови за економските политики, ама тоа не значи дека земјава треба да ги изгуби како професори или економски истражувачи. Башка, покрај овие тројца има и многумина други што заминале и добиле професионално признание за својата стручност во странство, а нашата јавност не ги знае затоа што не биле во политика. Се секира ли некој за овие работи, прашува Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.