Државата континуирано се празни, се поголем број млади луѓе ја напуштаат во потрага по подобра иднина, а денешниот ден посветен токму на оваа популација повторно ги конфронтираше партиите, објави Канал5.
Премиерот Заев на Фејбук го честиташе денот на младите 12-ти Август.
Младите се силата на нашето заедничко општество, за да се развива во духот на европските вредности и за да продолжиме напред со интеграциите во ЕУ и НАТО. Перспективите за напредок, кариерен развој и квалитетен животен стандард на младите овде, во нашата убава земја, се наша заедничка цел и заедно работиме тоа да го оствариме, напиша Заев на Фејсбук.
По него се огласи и владеачката СДСМ .Грижата за младите е постојана преку реализирање политики кои отвораат перспективи, нови шанси и подобар животен стандард. Се пофалија дека само во три општини минатата година се вработиле над 1.800 млади лица.
На ова возврати опозициската ВМРО-ДПМНЕ тие сметаат дека младите се најголема жртва на како што велат лагите и манипулациите на власта. Тие ја потсетија владејачката партија и Премиерот Заев за ветувањата што ги дале.
Младинска гаранција, изградба на студентски град во првите шест месеци како и подобрување на студентскиот стандард, погодности за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои остануваат само празно слово на хартија
Меѓународниот ден на младите, 12 август, кој со резолуцијата 54/120 на Обединетите нации во 2000 година е усвоен со цел постојано да се унапредува положбата на младите во општеството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.