Управата за јавни приходи ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до
31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка,
персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и
царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и
самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На врвот на листата е ТЕ-ТО со долг од 1,3 милијарди денари и „Ел Дон Кастило Ангел“ Експорт-Импорт Скопје од 470,9 милиони денари.
На оваа листа повторно се најдоа јавни претпријатија меѓу кои и јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти кое должи 51 милиони денари и Македонската радио телевизија која должи 15,1 милиони денари. Тука се и познати клубови и фирми во стечај и загубари. Фудбалскиот клуб Вардар кој повеќе месеци е на листата, должи 22,6 милиони денари.
На листата се најде и 1ТВ, која згасна, но кон УЈП има неплатен долг од 4,9 милиони
денари или околу 81.000 евра.
На листата на должници се 2.071 должници – правни лица, повеќе за 76 од претходната листа и 2.529 физички лица, повеќе за 14 од претходната листа.
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.195.548.760 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.