По објавата на текстот со наслов „СДСМ игра на картата на кратко памтење – 10 заборавени објекти кои Владата не ги става во употреба поради фрустрации“ следуваше соопштение/допис на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, популарно наречено ПУИК за трите нивни објекти поврзани со нивната институција. Тие реагираа за три од десетте објекти за кои „Република“ пишуваше, односно за оние објекти кои се под нивна надлежност.
Со соопштението од ПУИК потврдија дека:
1. Поттрибинските простори на источната, северната и западната трибина сѐ уште не се ставени во функција и не се приходува од нив. Се работи за илјадници квадратни метри деловен простор од кои АДСДП би можело, но не добива приходи од кирии или продажба.
2. Се потврди и дека зградата на ПУИК (АДСДП) изградена во бароктен стил, сè уште не е завршена, две години по доаѓањето на новата влада, иако наследија затворена карабинасо речиси завршена фасада. Зошто нешто што можело да се заврши за 5 до 6 месеци се прави 2 години, тоа можеме само да претпоставуваме.
Но, новина од писмото на ПУИК (АДСДП) е што иако објектот се градеше за ПУИК (АДСДП) да излезе од старите бараки и да се всели во објект со тврда градба, сепак ќе биде продаден како деловен центар. Наведената причина е неубедлива – сакале предвремено да вратат кредити. A тие земаа кредит за трајно да го решат проблемот со просториите.
Се чини дека вистинската причина е архитрктонскиот стил на објектот и фактот дека она што останува во наседство е созадено во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ. Дали се во прашање фрустрации? Или се плашат дека ќе им биде префрлано дека се вдомиле во објект каков што до вчера критикуваа, еден од трите најмаркантни објекти во Скопје?
По оваа логика не треба да изненади ако и Сугарески наместо да се всели во реновираниот надградетен објект, го продаде Министерството за транспорт како деловен простор..
Ист случај е и зградата на ЕЛЕМ спроти поранешниот хотел „Бристол“. И додека си поигруваат со државниот имот кој можело да биде искористен на ваков или онаков начин, со користење или пак даден под наем, поради фрустрации и инает, државните фирми губат пригоди, а со тоа страда и буџетот. ОЈО и Финансиската полиција треба да ги гонат раководителите на ЕЛЕМ, АДСДСП и Транспорт за нереализирани приходи, како што ги гонат поранешните функционери за нереализирани гаранции бидејќи градежна фирма задоцнила со градба на објект кој потоа го довршила.
3. Катната гаража „Смилевски конгрес“ до Музејот на холокаустот е ист случај. ПУИК потврди дека не две, ама година и пол истата стоела празна без да се стави во употреба и секојдневно да биде извор на пари за државното претпријатие. Во соопштението стои дека гаражата не се отворила бидејќи требало да се промени урбанистичкиот план, но во следната реченица се побива велејќи дека и без да биде променет урбанистичкиот план по година и половина била отворена. Значи или можело да работи и една и пол година неоправдано неработеле, или сега незаконски наплаќаат пари на граѓаните. И во двата случаи има основ за кривично гонење плус барање да се надоместат изгубените, односно нереализираните приходи.
Иако никој не зборува за вистинската причина за неодговорното стопанисување со државниот имот, очигледен е обидот да се маргинализира учинокот на поранешната власт. Многу деструктивно, расипнички, незрело и незаконски. И, секако, на грбот на државата и народот.
На крајот, зошто Агенцијата за државни патишта и Министертвото за транспорт не го пуштаат во употреба патот Сончев Град – Сопиште иако две години е готов?
Зошто СОЗР две години не ја пушта во употреба зградата на плоштадот Пресвета Богородица веднаш до црквата?Зошто од минатото лето нема ни обид да се најде концесионер за Македонско село и државата да приходува од овој државен имот за кој се вложени 5 милиони евра? Маскедонско село не е изградено во барок, ако тоа нешто менува…
Дали Петре Шилегов, кој досега се истакна со еднократно возење тротинет и рушење на споменикот на Ќосето, ќе одговори зошто година и половина не ја завршува зградата на градската куќа?
Ќе имаат сила да одговорат или ќе ја бараат Катица Јанева да исфабрикува некоја нова кривична пријава за наместо да градат и создаваат, да обвинуваат дека претходниците работеле незаконски? И на тој начин да го покриваат своето неработење и фрустрации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.