Согласно последните податоци од Царинската управа, увозот на употребувани моторни возила во државата во првите 9 месеци е значително намален. Ако лани во овој период се увезени над 26.000 илјади половни патнички возила, во периодот на оваа година се увезени околу 11.000 возила, што претставува намалување од 42%.
Падот на увозот на половни возила во најголем дел е резултат од воведувањето на механизмите во новиот Данок на моторни возила чија цел беше спречување и демотивирање на граѓаните за купување на половни возила со високи емисии на СО2, што веќе се покажува и во пракса. Ова значи помал влез и користење на возила кои драстично го загадуваа воздухот во Република Македонија.
Увозот на нови патнички возила е намален за 18%. Така што лани во првите 9 месеци биле увезени над 6.300 нови возила, а оваа година се увезени околу 3.800 возила.
И покрај намалениот број на увезени возила, приходите остварени со примената на новиот Данок на моторни возила кој ја замени акцизата, бележи позитивна разлика во приходот за над 280 милиони денари или 4,5 милиони евра повеќе во однос на лани истиот период, што претставува пораст од над 50 %.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.