На крајот на првиот квартал од 2020 година, Бруто надворешниот долг со исклучен ефект од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка на крајот на првиот квартал изнесува 8.127 милиони евра и забележа квартален пад од 64 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.
Бруто надворешните побарувања без ефектот од специфичните активности на централната банка, според објавените податоци, забележаа намалување од 195 милиони евра и изнесуваат 5.188 милиони евра.
Според Народната банка поголемото квартално намалување на побарувањата во однос на обврските доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 130 милиони евра, со што на крајот на март 2020 година тој изнесува 2.938 милиони евра. Притоа, зголемувањето на нето надворешниот долг во првиот квартал произлегува од зголемениот приватен и јавен нето-долг, за 99,односно 31 милион евра.
Негативната нето меѓународна инвестициска позиција на крајот на март 2020 година,
изнесува 6.650 милиони евра или 60,8 отсто од проектираниот БДП за 2020 година. Од овој износ, според податоците, најголемиот дел или 86 отсто, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 75 отсто се врз основа на сопственички капитал.
Бруто надворешниот долг, на крајот на март од 2020 година, изнесува 8.339 милиони евра
или 76,3 тсто од БДП и бележи квартално зголемување од 148 милиони евра или за 1,8 отсто.
Од Народната банка појаснуваат дека доколку од долгот се исклучи ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, бруто-долгот бележи квартално намалување од 64 милиони евра.
-Оваа квартална промена е резултат на намалениот јавен долг за 234 милиони евра во услови на раст на приватниот долг за 170 милиони евра. Кварталното намалување на јавниот долг (без специфичните активности за управување со девизните
резерви на централната банка) главно е резултат на намалениот долг на секторот „држава“ (за 228 милиони евра), како и на падот на долгот на јавните банки и јавните претпријатија (за 6 милиони евра). Растот на приватниот надворешен долг се должи на зголемениот долг на капитално поврзаните субјекти (за 140 милиони евра), небанкарскиот приватен сектор (за 24 милиони евра) и приватните банки (за 6 милиони евра), наведуваат од Народната банка.
Бруто надворешните побарувања, на крајот на првиот квартал од 2020 година, изнесуваат
5.401 милион евра или 49,4 отсто од БДП и остварија квартално зголемување од 18 милиони евра или за 0,3 отсто. Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, бруто надворешните побарувања се намалени за 195 милиони евра.
На 31.3.2020 година, нето надворешниот долг изнесува 2.938 милиони евра или 26,9 отсто од БДП. Нето надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2020 година е зголемен за 130 милиони евра или за 4,6 отсто. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 69 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.