Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во август годинава бележи пад на прометот од 9,6 отсто во споредба со истиот месец лани или номинално намалување за 7,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, намалување во прометот бележат и трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 14,8 отсто, а реално за 14,8 проценти), трговијата на мало со автомобилски горива (номинално за 37,9 проценти, а реално за 29,7 отсто) и трговијата на мало освен трговија со горива (номинално за 11,1 отсто, а реално за 12,2 процента).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.