Во врска со ставање во оптек на парите кои се надвор од системот, Заев подвлече дека како и за сите останати процеси, така и за овој има законски критериуми за од една страна да се спречат одредени манипулации, но од друга страна ресурсите да се стават во функција на развој.
Подготвени сме да креираме политики да го поттикнеме интересот на граѓаните да го стават тој „мртов капитал“ во финансиски промет, поточно да инвестираат. Средствата што ќе се легализираат ќе се даночат за да се полни граѓанскиот буџет за проекти за граѓаните. Потеклото на парите ќе се проверува и оваа можност нема да важи за оние за кои се водат судски постапки има обвиненија за нелегален бизнис, криумчарења и слично. Сето ова постои во европските земји. Во координација сме со Делегација на ЕУ за да се стави и овој ресурс во функција на развој на државата. Лицата кои ќе ги внесат парите на сметка плаќаат 10 посто и во следните две години треба да ги инвестираат средствата, во недвижнини, да купат акции во компанија, да инвестираат. Поточно да се стават парите во функција на личниот развој, а државниот развој е всушност личниот развој на секој поединец или правен субјект во државата. Втората опција е да купи државна обврзница со нула каматна стапка, рече Заев и додаде дека за сите граѓани во земјата како и за нашите државјани надвор од границите ќе важат истите услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.