За еден денар се намалува акцизата за бензините, а таа на дизелот ќе почека уште да пораснат цените на светските берзи. Бидејќи цените на бензините кај нас рипнаа во просек за 10 денари, сега Регулаторна симна 1 денар од акцизата и таа наместо плус 3 од денеска изнесува 2 денари по литар. Техничката влада ги зголеми акцизите на горивата за три денари како антикризната мерка за борба со Ковид 19. Анализата при воведувањето, покажаа дека ако се зголемат акцизите, ќе се покријат 30 милиони евра од загубите, предизвикани од падот на потрошувачката.
Цените на светските берзи на бензините во периодот од 1 до 15 јули изнесуваат 391,45 долари за тон поради што согласно уредбата ја намаливме акцизтата на бензините за еден денар – изјави Бислимоски.
За намалување пак на акцизата за дизелот, како и за целосно укинување на дополнителната акциза од 3 денари, ќе треба уште да се почека.
Просечната цена на дизлеот на светските берзи во периодот од 1 до 15 јули изнесува 370 долари, а граничната вредност е 400 долари. Во оној момент кога ќе ја надмине оваа вредност од 400 долари и цената на дизелот во перидот од две недели исто така повторно ќе ја намалиме акцизата за 1 денар. Изедначувањето на акцизите ќе има оној момeнт кога цената на светските берзи ќе изнесува 590 долари, а цената на дизелот ќе изнесува 600 долари – вели Бислимоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.