Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2021 година во однос на третото тримесечје од 2020 година е намалено за 7,4 отсто.

Според Државниот завод за статистика, во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 187 784 метри кубни и бележи намалување за 11,7 проценти.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови, додека намалување е евидентирано кај друго обло дрво од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.