Од утринава на полноќ, цените на бензинот и на дизел горивото поевтинија за еден денар по литар, додека нафтата за домаќинствата поевтини за денар и половина. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,876 ден/кг.
Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика, од 10 август максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС- 95 – 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 62,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 36,876 (денари/килограм)
Регулаторната комисија за енергетика потсетува дека трговците на големо и мало можат нафтените деривати да ги продаваат и по пониска цена, но не и по повисока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.