СДСМ за само една година остави без работа 60.000 луѓе, а 5.600 фирми ставија клуч на врата, и за нив не одвои ниту денар. Јавниот долг во последните 4 години е зголемен речиси двојно. Потрошени се над 15 милијарди евра, а народот е посиромашен од кога било до сега. Над половина милион луѓе живеат со 2 евра на ден, за само една година 60.000 останаа без работа, а Заев не им даде ниту денар – обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Велат штетите по десетици илјади семејства се огромни, а се што прави СДСМ е предизборен поткуп. Штетите што СДСМ ги прави треба години за да се санираат.
-Доста е од популистички мерки. Време е да се спасува економијата и секое работно место. Време е за промени. Време е за одговорен пристап и мерки кои ќе креираат развој. Време е за Македонија за сите луѓе – стои во партиското соопштение на ВМРО- ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.