Официјалните податоци ги демантираат сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ кои не можат да се помират со економските успеси на Владата предводена од СДСМ, сметаат во владејачката партија. Оттаму сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да увиди дека може да се работи во интерес на граѓаните и државата, дека може да се гради силна и развојна економија кога постојано се преземаат ефикасни политики.

Република Македонија се раздолжи за 500 милиони евра за еврообрзницата, со што јавниот долг е намален за 4,358 процентни поени. Буџетот е ликвиден, приходите од почетокот на годината бележат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани, а расходите се реализираат навремено и редовно. Сите економски политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати. Наш врвен приоритет останува благосостојбата и грижата за граѓаните, во тој правец е и растот на просечната плата која во моментот изнесува 28.721. Паралелно бележиме и рекордна економска активност во Индустриските зони и историски пад на нивото на невработеноста, порачуваат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.