Успешноста на економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ е потврдена преку бројни показатели, велат од партијата, додавајќи дека последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека извозот во месец март 2021 година пораснал за 7,8 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

Според СДСМ, ова е силна потврда дека денес македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец.

Покрај раст на извозот во првиот квартал од годината, раст бележи и просечната плата која во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020 и изнесува 27.984 денари.

Во оваа 2021 година согласно економските показатели и очекувања, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, да продолжи трендот на зголемување на платите и да се намалува невработеноста.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со креирање и реализација на мерки и политики кои ја помагаат домашната економија и отвораат нови можности.

Како одговорна партија остануваме посветени на градење силна, развојна и стабилна економија која носи шанса за сите, се вели во соопштението од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.