Социјалните мрежи денеска исполнети со коментари, постови и твитови поради протестот на пазарџиите во Скопје и во Куманово.

-Замисли работиш во фабрика и доаѓа СДСМ на власт ти ја затвора фабриката и остануваш стечаец со минимални примања. И немаш каде да одиш на пазари мрзнеш продаваш зеленчук и после 12 години доаѓа пак СДСМ и носат закон дека стечајци не смеат на пазар да продаваат. 2.000 евра казна, е само еден од многубројните твитови.

-Не оставате без леб, удирате по најсиромашните, онаму каде е најтенко. Новиот закон за зелените пазари со кој пензионерите, социјалните случаи и хонорарците нема да може да продаваат удира директно по џебот на најниските слоеви и бараме пратениците итно да го стопираат или повлечат законското решение. Во спротивно протестите ќе се радикализираат, рекоа учесниците на денешниот протест пред Парламентот.

-Бараме укинување на лиценците, ако државата сака да излезе во пресрет и да го реши нашиот проблем нека направи субвенционирање, ни ги плати тие 1500 за пензиско и 500 за здравствено и на тој начин да ни помогне. Ние не можеме да обезбедиме сретства за закупнини а камоли за други трошоци, рече Маја Стојановска – пазарџија.

За Зоран Ѓурчиновски, пак, со новиот закон им е ускратено првото на работа и бараат законот да се повлече.

Ивор Мицковски на Фејсбук напиша:

-Нели ви е срам бе сиромашни, а работливи луѓе да протестираат, додека лапате од државава ко да не сте виделе.
Како може пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, да не можат да работат на тезга.
Што вие тука глумите дека регулирате?! Имате за средување милиони милионски криминали, пред на луѓево да се окомите.
Јебо вас бројчаник, катанец испадна.

-Бараме укинување на законот за тезгаџии зошто не можеме да ги издрите сите тие давачки на пазрите, вели Ерѓул Неби – пазарџија.

Протестираа и кумановските пазарџии. Обвинуваат дека со постоечкиот Закон за пазарџиите се врши системско уништување на пазарите.

Претходно и стопанската комора ги поддржа пазарџиите со став дека Законот треба да се одложи или целосно да се укине. Комората на трговци пак со спротивен став- тврдат законот е добар и мора да се применува.Законот наложува секој закупец на тезга да плаќа годишна лиценца од 60 евра, а за дополнителна тезга плус 40 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.