Блеска ли економијата во Македонија или тоа е само нова кампања на актуелната власт за да ги прикрие скандалите кои се случуваат во земјата – ова денеска како тема го започна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на прес-конференцијата што ја оддржа денеска во штабот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Зоран Заев и претставници од врхушката на власт се обидуваат несмасно да ги прикријат скандалите, така што во јавноста отпочнаа една нова кампања, каде што велат дека всушност сега не било време за предвремени парламентарни избори, бидејќи Македонија „блескала“ и економијата била со рекордни резултати.

Мицкоски истакна дека Заев и луѓето околу него, на крајот од 2018 година, на прес-конференција ќе објават дека рекордно ниво достигнала просечната плата во декември месец 2018 година во износ од 25.784 денари. Тој додаде дека тогаш ВМРО-ДПМНЕ укажуваше дека власта треба да биде сериозна и да и ја соопшти на македонската јавност вистинската и реална економска ситуација во државата и дека тоа е исклучиво резултат на погубните политики од аспект на зголемените даноци кои што во тој период следеа од јануари месец 2019 година, и дека всушност во декември месец се исплаќаат бонусите и дивидендите за сопствениците и менаџерите на компаниите.

–Дека бевме во право, веднаш потврда стигна во јануари месец 2019 година, па се до мај месец 2019 година, кога просечната плата е за 1113 денари помала од таа која што ја објави Зоран Заев и тогашниот трет член на економскиот „цунами“ тим во Владата на Република Македонија господинот Тевдовски – рече Мицкоски.

Потоа продолжија да се фалат со директните странски инвестиции и велеа дека се рекордни во 2018 година и дека надминале историско ниво, посочува Мицкоски и додава дека и тогаш од ВМРО-ДПМНЕ велеле дека тоа е резултат на зголемените даноци кои што ќе следат во 2019 година, дека тоа е резултат на реинвестираната добивка на странските инвеститори кои што се резултат на напорите на некои претходни влади.

–Сепак тие продолжија да го лажат, како што е нивна карактерна особина, сопствениот народ и сопствените граѓани и демант на нивните тези, а потврда на нашите тези веќе стигна во првиот квартал во 2019 година кога нивото на директни странски инвестиции изнесува 21,6 милиони евра, што е за 90тина проценти помалку од истиот тој прв квартал во 2018 година – потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.