Уште во првите денови од новиот мандат, Владата предводена од СДСМ е силно посветена на создавање и реализација на мерки и политики кои имаат за цел брзо надминување на економските последици од коронакризата.Наскоро започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки преку кои ќе им се помогне на граѓаните, работниците и компаниите, убеуваат од СДСМ.
За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ, платежни картички ќе им бидат доделени и на пензионерите со пензии до 15.000, пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.
Следуваат и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а продолжува и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.
Владата предводена од СДСМ преку навремени и ефикасни мерки и политики успеа да ги ублажи првичните удари врз економијата. Во новиот мандат, следува градење на нова, развојна македонска економија подготвена да одговори на сите предизвици и да обезбеди шанса за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.