СДСМ има уште неисплатени субвенции од 2017, а доцни и за 2018 и 2019. Власта не ги исплаќа навреме субвенциите и има селективност при исплата. Со години чекаат и стотици земјоделци по разни ставки исплати за надомест на штета од големите временски непогоди – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно владејачката СДСМ излезе со прес-конференција на која се пофалија дека Владата како вистински сојузнук на земјоделците и сточарите е целосно посветена на активни политики за нивна поддршка и поттик.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој само изминатава недела исплати над 617 милиони денари субвенции на фармерите кои имаа обележани грла говеда, кози, како и 182,3 милиони денари на сите фармери кои задржале женско јагне. Со оваа исплате се префрлени и средства за тутунопроизводителите во висина од 11.4 милиони денари. Исплатена е и финансиска поддршка за засеани површини со сертифициран семенски материјал, како и исплата на субвенции за пчеларство. Досега се исплатени 5,5 милијарди денари, а со усвоениот ребаланс до крајот на годинава се очекува рекордна исплата од 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци. Не изостанува ниту грижата за поттик и на младите кои се дел или имаат намера да се вклучат во овој сектор. Апликациите за финансиска поддршка преку мерката „Млад земјоделец“, наменета за регистрирани земјоделци до 40 години, кои може да добијат до 10 илјади евра за инвестиции или отварање на сопствен агро-бизнис се отворени до 29 август. СДСМ како одговорна партија останува посветена на помош и поддршка на секој земјоделец, на секое земјоделско стопанство – посочија од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Заев вети и сигурен откуп и високи откупни цени, четири години родот завршува на буниште, а земјоделците без леб.

-Власта ништо суштински не им помогна на земјоделците. Само лаги и многу фалби, без резултати. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе – стои во реакцијата на опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.