Тоа што СДСМ се фали со кредитен рејтинг кој се дефинира како ѓубре, покажува колку вистински не им помогнале на стечајците кои тие ги направија. Врвниот приоритет на СДСМ и Заев е криминалот и корупцијата. Поради негрижата на Зоран Заев и СДСМ околу 60.000 граѓани останаа без работа, а 5.600 фирми ставија клуч на врата. Со „ефикасните“ мерки на Заев речиси над половина милион луѓе едвај преживуваат со 2 евра на ден – велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ дека воделе вистинска грижа за стечајците.
Од опозицисата партија додаваат дека јавниот долг во последните четири години е зголемен речиси двојно. Потрошени се над 15 милијарди евра, а народот е се посиромашен.
-Дури и според Стандард и Пурс Македонија е земја со висок ризик за неможност да ги финансира своите долгови кон кредиторите. ББ – кредитниот рејтинг во полето на високоризични земји го одвраќа секој инвеститор или комерцијална банка која ќе сака да и позајми пари на државата или да го стори тоа, но по енормно високи камати. Оваа оценка на Стандард и Пурс кажува дека сите кредити во иднина ќе бидат со потенцијално повисоки камати. Предизборниот поткуп и популистичките мерки на СДСМ овој пат не поминуваат, граѓаните се цврсто решени да го казнат на 17-ти октомври.
Време е за одговорен пристап и мерки кои ќе креираат развој. Време е за Македонија за сите луѓе – стои во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.