Откако Владата ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден за сите граѓаните, во Министерството за труд и социјална политика се работи на законско решение со кое недела ќе биде слободен ден за оние кои сакаат да бидат со своите семејства, рече на прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд на СДСМ.

Ова е сериозен чекор во градењето на фер и праведно општество за сите, сериозен чекор кон унапредување на условите за работа на работниците и работничките, рече тој.

Живковиќ додаде дека веројатно ќе има работодавачи и менаџери, па дури и работници за кои недела како неработен ден нема да биде начелно прифатлив и како што посочи, тоа е нивно право.

Преку отворен и инклузивен процес на дебата ќе дојдеме до решение кое ќе биде целосно прифатливо и за работнциите и за синдикатите и за работодавачите и за стопанските комори, рече претставникот на владејачкиот СДСМ.

Тој додаде дека со недела како неработен ден за сите, општеството ќе добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.