СДСМ во вчерашното свое соопштение потенцираше дека во времето на претходната власт 400 илјади граѓани живееле под прагот на сиромаштијата. Последните податоци говорат дека во моментов во државата живеат 500 илјади граѓани под прагот на сиромаштијата што укажува на тоа дека бројката во последните две години откако е на власт актуелната владејачка гарнитура предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е зголемена за фрапантни 100 илјади граѓани.
Во последните 10 години, за време на ВМРО ДПМНЕ повеќе од 400.000 луѓе живееа под линијата на сиромаштија, додека најбогатите 1% од населението стануваа се побогати – стои во оопштението на СДСМ.
Но последните истражувања покажуваат дека во државава дури 500 илјади граѓани сметаат дека се сиромашни и покрај тоа што се вработени.
Загрижувачки, но и срамен податок дека над половина милион од граѓаните живеат во сиромаштија која се зголемува со забрзано темпо, покажа неодамнешната анализа на Алсат М телевизија.
И покрај ветувањата на Владата дека ќе го зголеми стандардот на живеење и ветувањата од 500 евра плата сепак скоро една четвртина од македонските граѓани живее во сиромаштија. Според Државниот завод за статистика процентот на сиромаштија во 2017 година изнесува огромни 22,2 % што значи имаме зголемување за 0.3 % од 2016 година кога стапката на сиромаштија изнесуваше 21,9 %.
Така според најновите информации на Државниот завод за статистика и според податоците, во 2017 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 22.2 %.
Сиромаштијата во последните години има тенденција на раст – стапката во 2016-та била 21.9%, а во 2015-та 21.5%.
Претходно стапката на сиромаштија неколку години по ред се намалуваше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.