СДСМ не ги поддржа земјоделците само им испрати полиција да ги тепа, а производите наместо на откупен пункт завршија на буниште.5 години земјоделците излегуваат на улица, зошто нема ништо од сигурниот откуп и високите откупни цени, а кога јасно го кренаа гласот Заев и СДСМ им пратија полиција да ги тепа, oбвинува Гоце Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ

5 години праските завршуваат на депонија, зошто нема каде да се продадат. 5 години јаболката завршуваат во Преспанско езеро, 5 години оризот скапува во амбарите. 5 години по ред нема никаков откуп кој ќе овозможи земјоделците достојно да си го заработат лебот.Власта со ништо не помогна. Субвенциите доцнат и по неколку години.

И оваа година субвенциите наместо да растат, парите кои се одвојуваат се намалуваат.

Со СДСМ земјоделието оди надоле. Единствен начин да тргне државата напред се брзи предвремени избори, со цел целосна смена на оваа неработничка власт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.