Фатмир Битиќи, советник по економски прашања во кабинетот на премиерот денеска излезе со контрадикторни изјави околу почетокот на проектот „викенд без ДДВ“ и можните избори.
Бетики вели дека оваа кампања ќе биде кон крајот на август и почетокот на септември кога влијанието од короната ќе било најмало. Ако тоа е така , тогаш зошто неговиот шеф Заев бара избори среде корона криза.
Ова е мерка која се предвидува да се реализира кон крајот на август и почетокот на септември, со очекување дека пандемијата ќе спласне. Секако, ако во тој период има такви препораки за негрупирање, ќе се види кога е најпогодниот момент за тоа да се реализира. Нема да креираме мерка која што ќе ги загрози животите на граѓаните. Ова не е некоја нова активност која не е направена и во други земји. Само корисниците на апликацијата ‘Мој ДДВ’ ќе можат да учествуваат во нејзе и само продуктите кој единствено тој ден ќе се продадат и ќе имаат фискална сметка влегуваат во овој пакет на викенд без ДДВ“, изјави советникот на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.