Новата влада предводена од СДСМ и од претседателот Зоран Заев има план за иновативна, стабилна, конкурентска економија, која ќе обезбеди стабилен економски раст, зголемување на минималната и на просечната плата, соопштија утринава од партијата.

Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, стои во соопштението.

Од партијата додаваат дека 20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат се целите на новата влада предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Стапката на невработеност, за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по завршувањето на кризата ќе продолжиме да ја намалуваме за 3% годишно. Конечна цел е едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот, велат од СДСМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.