Голготата на патниците во Македонски Железници продолжува. Благодарение на оваа неспособна и криминална банда на СДСМ достоинството на патниците е под секое ниво.
На фотографијата го имаме возот према Битола. Студот за жал принудил некој да се грее и со плинска боца.
А колку е опасно и ризично тоа ни покажа експлозија на плинска боца во воз во Пакистан во 2019та година со однесени 65 човечки животи.
СДС е поим за неспособност, неработење и полнење на личните џебови, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Инаку во 2020 државата дала шест милиони евра субвенции за да функционира железничкиот транспорт. Тоа се пари дадени од буџетот преку Министерството за транспорт и врски за ЖРСМ Транспорт за да може да функционира превозот на патници и стоки.
Ова се пари дадени надвор од самофинансирачките приходи на претпријатието, кое наплаќа од компаниите за превоз на нафта и суровини транспортирана од возовите, како и од патниците. Држава дополнително дава пари и за одржување и изградба на пругите и другата опрема, но на второто претпријатие – ЖРСМ Инфраструктура.
Од железничкото претпријатие претходно известија дека 2020 година ја завршиле со негативен резултат најмногу поради состојбата со Ковид-19. Нивните податоци покажуваат вкупна загуба од 512.123.000 денари. Во товарниот сообраќај претпријатието бележи загуби од 145 милиони денари, а во патничкиот од 45 милиони денари.
Финансиските податоци покажуваат дека ЖРСМ Транспорт е „жив песок“ за провајдери на услуги и добавувачи, а дека компанијата вака поставена е камен околу вратот за секоја македонска влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.