Од вкупниот број на вработени во земјава, 60,8% се мажи а 39,2% се жени. Најновите објавени податоци од Државната статистика покажуваат „економски јаз“ по родова основа. Податоците и од невладиниот сектор упатуваат на тоа дека иако работат исто – трудот на жените се вреднува за 18% помалку во однос на мажите, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во земјава од вкупниот број на работодавци, само 19,4% се жени.
Во земјава во 2017 година имало 290 387 вработени жени, или стапка на вработеност од 34,6 отсто додека бројот на вработени мажи изнесувал 450 261, односно стапка на вработеност 53,6%. Овие бројки покажуваат на сеуште присутната родова нееднаквост, се наведува во истражувањето на Државниот завод за статистика.
Вработеноста во Република Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд. Стапката на вработеност во Република Македонија во 2017 година кај жените изнесува 34.6 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите, која изнесува 53.6. Стапката на невработеност кај жените изнесува 21.8, а кај мажите 22.7. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 44.3, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69.3% “ – се вели во публикацијата.
Од вкупниот број на работодавачи ( сопствена фирма) во земјава кој изнесува 128 714, 19,4% се жени а останатите 80,6% се мажи или на четири работодавачи од машки род , има само една жена.
Секторски, жените доминираат во образованието, администрацијата, финансиските дејности, здравствената и социјална заштита, преработувачката индустрија.
Од вкупниот број на вработени жени само 1 % или 2 979 вработени земаат плата повисока од 40 000 денари додека од вкупниот број на вработени мажи , оваа плата ја земаат 9 284 или 2,1%. Големи разлики има и кај висината на платат од 25 000 денари до 30 000 денари, па така оваа месечна сума ја земаат 3,9% од жените а 5,2% од мажите. Од друга страна пак официјалните податоци покажуваат дека во вкупниот број на вработени со високо образование, жените учествуваат со 51,7% а мажите со 48,3%.
Истражувањето покажува дека жените главно се вработуваат на пониско платени работни места. Од секторите најмногу се присутни во образованието, здравството и текстилната индустрија. Во јавната администрација работат повеќе мажите“ – изјави неодамна Маре Анчевска од СИЕР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.