Денеска бев во работна посета на Центрите за социјална работа во Тетово и во Гостивар каде што остварив средба со Дарко Обалиќ, директор на центарот во Тетово и во ЦСР Гостивар со директорката Нада Величковска, напиша на Фејсбук техничкиот министер во министерството за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
Мојата заложба и интерес се условите во коишто работат центрите и начинот на работа со странките кои бараат услуги од нив. При тоа, потенцирав дека прва и основна цел на центрите е од тука да излезат задоволни странки посебно затоа што станува збор за лица кои се најчесто во некаков ризик или, пак лица коишто имаат потреба од подадена рака од државата од одреден момент во нивниот живот.
Од разговорите ги слушнав проблемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените во овие центри. Тие се детектирани и верувам дека сѐ што е во моја моќ и во рамки на законите ќе биде преземено за вработените да добијат подобри услови за работа бидејќи ако се тие задоволни и странките ќе бидат задоволни од нивните услуги.
Вработените во центрите се линкот помеѓу ранливите категории на граѓани и државата којашто треба да ги слушне нивните проблеми за потоа да дизајнира политики прилагодени на потребите на лицата во социјален ризик, напиша Мизрахи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.