Оваа година ќе започне изградбата на коридорот 8 а до крајот на 2025 ќе имаме автопат до граничниот премин Ќафасан, изјави за ТВ21 директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми. Тој верува во работата на компанијата Бехтел и Енка затоа очекува градежните работи да се реализираат во предвидените рокови.
Сега се отвора патот Владата да формира комитет кој треба да започне преговори со компанијата Бехтел и Енка, за да имаме договор за почеток на работата на овие делници што е предвидено и со законот кој вчера помина во Собранието на Македонија. Врз основа на овој закон се предвидува да се комплетира коридорот 8 почнувајќи од Тетово до Гостивар, бидејќи сегашниот автопат Тетово –Гостивар не ги исполнува условите според европските стандарди, истакна Ејуп Рустеми.
Рустеми рече дека на овој дел од автопатот и на тие делови каде што има потреба ќе се интервенира со цел тие да ги исполнуваат потребните услови. Но, не сакаше да открива колку ќе чини целиот проект и за колку време ќе се стасува од Скопје до Охрид по завршување на градежните работи.
Целиот текст ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.