Рудник во Иловица и Штука – нема да има, со задоволство објавија еколошките здруженија од Струмица и струмичките села Штука и Иловица по веста дека второстепената Комисија за одлучување во управна постапка донела одлука со која се одбива жалбата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“.

Решението од Второстепената комисија го добиле и во компанијата „Еуромакс ресорсис“, но не појасниле какви ќе бидат нивните понатамошни постапки и дали ќе покренат судски спор против државата.

Со ова решение се отвора патот за конечно одземање на концесијата според повеќе основи наведени во законот за минерални суровини, се вели во соопштението на здружението „Еко-долина“ од Струмица, кое беше дел од отпорот на месното население против изградба на
рудникот за бакар и злато во Иловица. Оттаму додаваат дека очекуваат Владата да донесе одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина со „Еуромакс Рисорсис“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.