Земјоделството е на колена, а земјоделците се понижени. Родот на земјоделците наместо на пазар завршува на буниште.

Земјоделците од повеќе реони и од речиси сите гранки вчера се собраа на предупредувачки протест во центарот на Прилеп. Прво маршираа низ булеварот „Гоце Делчев“, а потоа се обратија пред зградата на локалната самоуправа.

Главно, бараат исплата на сите заостанати субвенции, мерки, ковид пакетите, повлекување на законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште.

Земјоделците најавија радикализирање на протестите низ повеќе региони доколку наскоро не се решат проблемите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.