Родителите на децата до 10 години имаат легитимно право да не одат на работа сè додека не се отворат градинките, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Родителите на децата до 10 години не одат на работа, се до отворање на градинките, нешто со што нема да брзаме воопшто. Тие имаат легитимно право да не одат на работа, бидејќи мора да ги чуваат децата. Секој прекршок треба да се санкционира преку инспекторатите, изјави Венко Филипче, министер за здравство на прашањето на „Република“ кои родители на деца до 10 години се изземени од мерката да седат дома и што е со проблемот со кој се соочуваат вработените во приватни фирми – или на работа или отказ.

Филипче претходно најави продолжување на породилно отсуство додека траат времените мерки, односно додека не започнат со работа градинките. Родителите во изминатите 3 месеци немаа можност да ги запишат децата во градинка затоа што тие не работеа, а и сè уште нема уписи. Така што тие и со отворање на градинките немаат можност да ги користат услугите од градинките.

Тоа е процес којшто е целосноо координиран, почнати се процесите за дозвола да можат децата да се запишат во градинка и тоа оди паралелно со процесот за подготовка на градинките. Деновите кои се пред нас ќе може да се прават уписи, изјави  Филипче на прашање на „Република“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.