Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги им препорачува на компаниите кои вршители на енергетски дејности, како и на јавните претпријатија што се даватели на водни услуги кон граѓаните, во наредните две недели да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки.
Во оваа вонредна состојба со ковид-19, кога е прогласена пандемија од СЗО и има одлука од Владата за превенција од ширење на корона вирусот, РКЕ препорачува во следните две недели компаниите вршители на енергетски дејности, како и јавните претпријатија што се даватели на водни услуги, да се воздржат од исклучување поради неплатени сметки“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.