Не се очекува зголемување на цената на струјата, сметаат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

По презентацијата на новиот Закон за енергетика денеска во Охрид појаснија дека по отварањето на понудите на тендерот распишан од универзалниот снабдувач со електрична енергија, новоформираната компанија „ЕВН хоум“ и направените пресметки со други параметри опфатени во процесот, цената на струјата ќе биде формирана во петок.

Согласно процедурите што постојат има правила за набавка на електрична енергија што треба да ги применува универзалниот снабдувач. Денеска трае аукцијата на која ЕЛЕМ е обврзан да понуди најмалку 80 отсто од потребите на универзалниот снабдувач, односно на домаќинствата и малите потрошувачи, појасни Бислимоски.

Најголемо влијание врз формирањето на крајната цена, додаде, ќе има денешната понуда на ЕЛЕМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.