Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека се одземени лиценците на трговците „Пертинакс“ за трговија на големо со мазут и на „Гуливер Инжинеринг“ за трговија на големо со Еуродизел БС. Лиценците за трговија им се одземени поради тоа што трговците на големо не доставиле докази дека поседуваат резервоари за соодветниот нафтен дериват.

Двајца трговци на големо не доставија докази дека имаат резервоари за складирање на дел од нафтени деривати, што се основни средства за работа. Токму поради тоа, РКЕ донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците за вршење на енергетска дејност за Еуродизел БС на „Гуливер Инжинеринг“ и на „Пертинакс“ за мазут. Овие трговци не можат да тргуваат со овие поединечни деривати, затоа што немаат лиценца„ потврди Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Што се однесува до постапките за одземање на лиценци, што беа отпочнати за оперативните резерви на мазут, РКЕ соопштува дека ги доби записниците од инспекциски надзор на Државниот пазарен инспекторат, каде се констатира дека трговците ги поседуваат оперативните резерви. Поради тоа се донесени одлуки со кои се запрени постапките за РКМ ДООЕЛ Скопје, Ли – ОИЛ ДБ ДООЕЛ увоз- извоз Кавадарци, и СУПЕРТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.