Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да соопшти колку ќе поскапи цената на парно греењето за корисниците на БЕГ. Информациите се дека оваа компнија побарала парно греењето да поскапи за 300 насто. Но, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, вчера изјави дека драстично поскапување на парно греењето не е решение зашто во таков случај голем дел од корисниците би се префрлиле на греење на струја, а тоа би донело дополнителен удар за енергетскиот систем.
„Набавната цена на природниот гас во делот каде купува БЕГ по цена на берзи е околу 1480 долари за метар кубен. Ова е набавка за јануари и е за речиси 6 пати повисоко од просекот во 2021 година кога изнесуваше 240 долари за метар кубен. Тоа што го мислев за електричната енергија, го мислам и за топлинската – дека драстично поскапување на парното не е решение зашто голем број потрошувачи ќе се исклучат од системот и ќе почнат да користат електрична енергија за греење. Во комуникација сме со владата и мислам дека ќе наидеме на разбирање, но го повикувам и одговорните во Град Скопје и општините во Градот активно да се вклучат и ако е потребно да обезбедат соодветни субвенции за потрошувачите Очекувам да излезат во пресрет“, рече претседателот на Регучаторката комисија, Марко Бислимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.