Фитосанитарната инспекција на Република Српска во БиХ забрани увоз на пратка свежо грозје со потекло од Македонија, во количина од 20.730 килограми,
Причина за стопирањето на пратката е зголемената содржина на пестициди.
При редовниот преглед на пратка храна од растително потекло при увоз, надлежниот инспектор извршил земање мостри за лабораториска анализа со цел да испита остатоци од пестициди – соопшти Инспекторатот на Република Српска.
Врз основа на извештајот за лабораториска анализа издаден од „Институтот за вода“ во Бјелина, во кој е испитано присуството на 180 активни супстанции, во анализираниот примерок открино е зголемено присуство на пестициди „фосмет“ над вредностите пропишани со Уредбата за максимално ниво на остатоци од пестициди во и на храна и храна за животинско и растително потекло.
Постапувајќи по резултатите од анализата, инспекторот донел решение со кое се забранува увоз и наредил враќање на спорната пратка на испраќачот или уништување под надзор на надлежен инспектор.
Од Инспекторатот потсетуваат дека овој месец поради зголеменото присуство на пестициди бил забранет увозот на 6.842 килограма трпезно грозје од Албанија и 660 килограми свежа краставица од Македонија, додека увозот на 24 тони компири со потекло од Полска бил забранет поради утврдено присуство на економски штетен организам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.