Нема да има никакви измени во цената на парното греење. Иако топланите Исток и Запад на Топлификација одат во рацете на Чифлиганец, од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека граѓаните може да бидат мирни затоа што нема да има промени во цената на топлинската енергија што би биле на штета на домаќинствата.
Со преземањето на двете топлани, Чифлиганец има две опции. Или да ги изнајми или да побара лиценца за вршење на енергетска дејност – производство на топлинска енергија во соодветни постапки.
Инаку од РКЕ велат дека добиле гаранција од снабдувачите со топлинска енергија дека се целосно подготвена за новата грејна сезона дури и ако таа почне порано од 15 октомври. Минатата година дел од граѓаните се жалеа на слабо греење, поради што РКЕ побара измени со кои ќе може да изрекува казни кои ќе бидат врзани со приходите на компаниите.
Во моментов градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. За една година приклучени се нови 2.000 потрошувачи. Најмалку корисници и натаму има на топланата Скопје Север.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.