Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите максимални цени на горивата, бензините поскапуваат за 0.5, односно 1.00 денари додека цената на дизелот останува непроменета.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти.
Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5, односно 1.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 62.50 односно 64.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува иста и еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 60 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.