Ребалансот на Буџетот за 2019 година подготвен од Министерството за финансии, а во чија крајна фаза се вклучи и новата министерка Нина Ангеловска, денеска треба да биде разгледан на владина седница.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека подготовката на ребалансот е во финална фаза и дека тој треба да даде поддршка на поддршка на капиталните проекти и на новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните.
Една од мерките што ќе биде вградена во ребалансот е државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми платата на работниците во нето износ од 25 отсто од просечната плата.
Мерката треба да почне да се применува од октомври годинава, а со неа.
Ангеловска на првиот ден од нејзиното преземање на функцијата во интервју за МИА посочи дека во последните денови била вклучена во завршната фаза и потенцира дека мерката ќе се имплементира во последните два месеца од годинава, од 1 октомври.
Пресметката е вклучена во ребалансот и сметам дека е добро тоа што мерката ќе овозможи малите и средни компании и воопшто компании да можат да дадат поголеми плати, а притоа да бидат ослободени од плаќање на придонесите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.