Христијан Мицкоски, Трајко Славевски и ВМРО-ДПМНЕ, во услови на пандемија со коронавирусот не се откажуваат од намерата да ја манипулираат и ја плашат јавноста зборувајќи за буџетски дефицит, заборавајќи дека токму оваа партија додека беше на власт секоја година планираше и надминуваше превисоки буџетски дефицити, а јавниот долг го зголеми тројно, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Продлабочувањето на буџетскиот дефицит во овој период кога државата неочекувано, како и целиот свет, се соочи со пандемијата од коронавирус е појава која не ја одминува ниту една економија. Но благодарение на навремените и одговорни политики нашата економија, во споредба со земјите од регионот ќе претпри најмала штета, а тоа е потврдено и од Светска банка во нивниот најнов редовен економски извештај.

Со ова и Светска банка ги демантира малициозните манпулации на Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, која тројно го зголеми јавниот долг додела беше на власт, а сега лицемерно зборува за управување со јавните финансии, без притоа, се вели во реакцијата.

Од СДСМ велат дека Владата прави максимални напори со директно вбризгување на ликвидност во економијата, последиците од оваа корона криза да бидат колку може помали.

Исплатата на повратот на ДДВ дополнително е динамизирана, исплатите на пензиите и другите социјални трансфери се одвиваат веќе и предвремено, субвенциите за земјоделците се исплаќаат целосно и навремено, а и сите други буџетски трансфери и плаќања се извршуваат во законски предвидените рокови, што е во насока на зголемување на потрошувачката која директно влијае на полнењето на буџетот и растот на БДП.

Истовремено Владата предводена од СДСМ за целиот овој период од почетокот на пандемијата активно работи и на прибирање средства со кои ќе биде амортизиран ударот врз приходната страна на буџетот.

Граѓаните знаат дека СДСМ и Владата која ја предводи се посветени на создавање решенија за брзо опоравување од економските последици од коронавирусот, а првенствено на грижата за здравјето на граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да учат како се работи државнички и одговорно во интерес на граѓаните и економијата, се вели во реакцијата на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.