Од АД ЕСМ реагираат на текстот објавен на порталот „Нетпрес“ во кој информира дека фирмата „Супертрејд“ со договори во четири очи снабдува мазут за ЕЛЕМ во вредност од 14 милиони евра.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на АД ЕСМ.
„На напис „ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ПРВ ДЕЛ: „Супертрејд“ снабдува мазут за ЕЛЕМ во вредност од 14 милиони евра преку договори во четири очи?!“ објавена на Нетпрес на 24.8.2021г, преземена од портал Република и портал Курир
Во врска со горенаведениот текст АД ЕСМ го испраќа следниот демант.
„Порталот Нетпрес не ги почитуваше новинарските стандарди и не се обрати до засегнатите страни со прашања поврзани со темата, туку објави наводна информација која всушност е дезинформација.
АД ЕСМ не подлежи на Законот за јавни набавки во случаи кога треба да набави мазут, бидејќи мазутот во дејноста на компанијата е дефиниран како основно средство во производниот процес, и како такво не подлежи на Законот за јавни набавки.
И покрај тоа што не подлежи на тој закон, АД ЕСМ сакајќи да биде максимално транспарентна компанија, набавката на мазут ја направи со распишување јавен повик во печатените медиуми и на веб сајтот на АД ЕСМ, и со собирање понуди од повеќе економски оператори, од кои ја избра најповолната, односно најевтината понуда.
Во прилог испраќаме принтскрин од распишаните јавни набавка за мазут, како доказ дека не станува збор за никакво договарање во четири очи или за набавка на која други економски оператори не можеле да учествуваат. Набавката беше отворена за сите добавувачи на мазут на пазарот, кои ги исполнуваат законските услови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.