Порталот „Курир“ објави споредба на факти во која се гледа дека Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата на Македонија сепак, договарал тендер.

Порталот „Експрес.мк“ вчера објави разговор меѓу тројца високи државни функционери за тендер финансиран од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБРД). Во разговорот има потврда за неколку прекршување на законот, расистички испади но и дискриминација на цели европски нации од страна на генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски.

Рашкоски според законот нема никакви ингеренции да зборува или да одлучува за тендери на Акционерското друштво М НАВ.

Другиот член на групата е близок роднина на министерка во владата на Заев.

Иако датумот за тендерот изминал за 3 дена и соговорниците го истакнуваат тоа во разговорот тие свесни дека го кршат законот сепак проектот го доделуваат на италијанската фирма.

Рашковски вели дека тендерот и изборот за најповолен понудувач се направени во 2016 година.

Но, она што е спорно е тоа што сепак Рашкоски договарал тендер бидејќи во реакцијата вели „на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР“, додека во откриениот скандал јасно се зборува дека „Леонардо добива или би требало да биде избрана со одлука“ и исто така „Леонардо е победничка компанија која ќе победи на тендерот и некако ние сме заглавени во процедурата“, што е јасен доказ и побивање на реакцијата на Рашковски, пишува порталот „Курир“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.