Владата предводена од СДСМ ќе потроши над 160 илјади евра на хонорари по склучениот договор за ангажирање на лица преку приватна агенција за вработување, дознава „Нетпрес“. Преку Генералниот секретар Драги Рашковски, Владата на 11 август склучила договор во вредност од 10 милиони денари за исплата на хонорари преку авторска агенција.
Пред неколку дена порталот објавиви и дека Општина Кисела Вода има потпишано договор за привремени вработувања. Вредноста на овој договор изнесува 22 милиони денари односно 350 илјади евра.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати предупредуваше на зачестените огласи за вработување во јавната администрација и нивната злоупотреба во партиски цели од страна на владејачката СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.