„Оној пораз кој што треба да го доживееме во наредните години не можат да се остварат поголем дел од мерките што се замислени. И тоа,  таа разлика е драматична за жал поголема во СДСМ и нивната програма, во ВМРО таму е постабилна, морам да кажам, нека се лутат кој како сакаат, не зафаќам страна“, нагласи бизнисменот Горан Рафајловски утринава во една од утринските програми.

Рафајловски додаде дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е многу постабилна во делот на желбите и можностите, дури предвидувањата дека оваа година ќе се оди со -5% БДП, а ќе порасне помеѓу 4% и 5% БДП за еден мандат што звучи реално.

Од друга страна СДСМ има ветувања доколку се погледне растот на Буџетот и останатите параметри не можат да се исполнат.

СДСМ не може да зголеми пензија до толку или пак плата кога се знае колкав буџет има Македонија и со каква криза се соочува.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.