Мајките кои барале слободни денови кои им следуваат според законот за да бидат дома со малолетните деца поради изречените мерки од страна на Владата за заштита од коронавирусот, добиле откази.

ПРВИТЕ ОТКАЗИ ОД РАБОТА ПОРАДИ КОРОНА МЕРКИТЕ
Утрово, прв ден од спроведувањето на Владините вонредни мерки против корона вирусот, паднаа првите откази од работа т.е. принуди врз текстилните работички да потпишат спогодбен престанок на работен однос.
Со тоа работодавците директно ја кршат Владината мерка, поточно одредбата “За да ги чуваат децата дома, платено отсуство и во државно и во приватно ќе добие по еден родител на помали од десет години.„
Секој избркан од работа по тој основ, како и оние кои патпишале сподоба за престанок на работен однос под принуда од работодавецот, да побараат помош од:
-ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД дежурен телефон: 151 31 и телефон: 02 3224504
-НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ телефон: 02 3129335
-ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА Р.С.МАКЕДОНИЈА телефон: 02 3230214 ; 02 3230217 ; 02 3229351, напиша на својот фејсбук профил Весна Богова, адвокат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.