Срамно и жалосно е што Македонија три децении заради транзициските политичари од СДСМ не може да излезе од мрачната транзиција – со пропаднати компании, со економија во дупка, излажани работници кои што со месеци немаат плата, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Жална е судбината на работниците на „Еурокомпозит“ кои што неколку години се лажени и ветувано им е излезно решение од СДСМ. Осум месеци овие педесетина луѓе кои што останаа во „Еурокомпозит“ тонат во сиромаштија без плата, а се водат како вработени. Тоа е можно само со СДСМ. Мафијата на власт воопшто нема интересирање за нив. Нема интересирање затоа што немаат интерес. И на крај не може СДСМ на Заев да е дел од решението, кога е извор на проблемите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.