Агенцијата за вработување има објавено дваесеттина огласи за вработување во јавната администрација иако се наближува датумот за предвремени парламентарни избори. Опозицијата реагира дека ваквите огласи за вработување всушност се предизборен поткуп за гласови,  синдикатите сметаат дека со префрлањето на службеници од јавниот во приватниот сектор ќе се врши партиска чистка на кадри во администрацијата, но сето ова за техничкиот премиер не е спорно, бидејќи смета оти е дозволено објавување на огласи до распуштање на собранието.

Во целата ситуација најлошо поминуваат работниците кои едвај го поминуваат месецот. Тоа се потврдува и со пресметките на статистичките агенции, како Европската статистичка агенција која тврди дека трето семејство во земјава или 209 илјади домаќинства не можат да ги платат сметките за вода, струја, греење, а најновата анкета на институтот Фајненс тинк покажа дека граѓаните бараат во предизборните програми, политичките партии да се фокусираат на обезбедување подобро образование, здравство , владеење на правото, повисоки плати.

Вицепремиерката Царовска не ги негира резултатите на Европската статистичка агенција, но сметка дека Владата се трудела да им помогне на најзагрозените, но и да ја намали сиромаштијата кај вработените.

Од друга страна, токму пред изборите техничката влада не функционира како целина. Имано, на денешната презентација на Оперативниот план за вработување за годинава, не присуствуваше техничката министерка за труд Рашела Мизрахи, туку нејзината заменичка Санела Шкриељ. За вицепремиерката Царовска ова не е проблем, бидејќи присуствувале сите кои биле вклучени во подготовка на мерките во изминатите 6 месеци и покрај тоа што присуствуваше Оливер Спасовски, кој беше избран за технички премиер пред 20-тина дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.