Утврдување на минималната пензија со закон е една од целите на новоформираната работна група која денес ќе ги започне активностите поврзани со проблемите на пензионерите. Прашањата кои се однесуваат на пензионерскиот стандард ќе ги решаваат претставници на министерствата за труд и социјална политика и за финансии, од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, од ПИОМ, од Сојузот на пензионери, МАПАС и приватните пензиски друштва.
Ќе се работи на измени или на ново законско решение за пензиското и инвалидско осигурување, за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, најави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Исто така, посочи дека ќе бидат разгледани сите пристигнати предлози од здруженијата на пензионери, од иницијативните одбори на пензионерите кои протестираат, од Партијата на пензионери…
Главна тема на работната група, формирана со одлука на Владата, ќе биде законот за минимална пензија, по примерот на минималната плата. Односно, според изјавите на министерката, ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние што живеат сами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.